„Пред неколку дена реков дека гледам сигнали, а мојата интуиција ми вели дека замрзнувањето на конфликтот е поблиску, а не подалеку. Не сакам да кажам крај на војната, туку замрзнување на конфликтот. Денеска истекува ултиматумот, претседателот Зеленски е многу претпазлив, но сепак оптимист“, изјави Туск во балтичкото пристаниште Леба.
Полскиот премиер по разговорот изјави дека Украина е многу заинтересирана Европа и Полска да учествуваат во преговорите за прекин на огнот, а подоцна и за мир во Украина.
Премиерот Туск денеска повторно ја обвини Русија дека долго време се обидува да предизвика хаос во воздушниот сообраќај над Балтичкото Море со блокирање на ГПС сигналот, не само воен, туку и цивилен, но и со блокирање на сигналите за да се отежни изградбата на големата ветерна фарма што Полска ја гради во Балтикот, а која Туск ја посети денес.
„Пилотите од Шведска, Полска, Естонија исто така се жалат. Тие дури и ја попречуваат оваа инвестиција, а ова се големи проблеми за градежништвото бидејќи прецизноста е од најголема важност тука. Меѓу другото, затоа Полска ги координира напорите на балтичките земји за да го одржи Балтикот безбеден. Исто така, ги ангажираме НАТО и нашите балтички партнери“, изјави Туск.






