Таск кажа дека Варшава побарала активирање на Членот 4 на НАТО и истакна дека на Полска ѝ се потребни конкретни мерки а не празни изрази на солидарност. Членот 4 ѝ овозможува на секоја членка на воениот пакт да постави прашање за расправа на ниво на блокот, но не подразбира воен одговор.
Според Туск, во текот на ноќта биле забележани 19 упади во полскиот воздушен простор, а 4 дрона се урнати. Голем број од дроновите пристигнале од насока на Белорусија, истакна полскиот премиер.






