Поради оваа миграција, која, според Варшава, била оркестрирана од Минск и Москва, на крајот на март, Полска го ограничила правото на азил на странците по пристигнувањето на нејзината граница со Белорусија.
Туск рече и дека „илјадници војници, граничари и полицајци, камери и беспилотни летала го следат секој метар од границата 24 часа на ден“.
Туск не прецизираше во кои земји ќе се одвива „информативната кампања“ што ја најави.
Најголем дел од мигрантите кои сакаат да влезат во Полска се од Блискиот Исток и Африка.
„Нашата порака ќе биде едноставна: полската граница е затворена! Не им верувајте на шверцерите, не верувајте на белорускиот претседател Александар Лукашенко, не верувајте на рускиот претседател Путин! Ве лажат кога велат дека ова е патот до Европа. Тоа не е вистина!“, изјави Туск.
Според податоците на полските граничари, повеќе од 30.000 луѓе се обиделе илегално да ја преминат границата со Белорусија во 2024 година.
Полска подигна метална гранична ограда висока пет метри со софистицирани уреди за надзор и покрај неа распореди илјадници војници.