„Доколку конфликтот трае подолго од трите до четири недели за кои зборуваше вчера американскиот претседател Доналд Трамп, тогаш се појавуваат одредени ризици за испраќање опрема до нас, до Европа и пред сè до Украина“, кажа тој на прес-конференција во словачкиот главен град Братислава, додека продолжуваат нападите на Соединетите Американски Држави и Израел врз Иран.
Тој кажа дека ќе има „ризик за пратките“ ако системите за воздушна одбрана продолжат да се користат со сегашното темпо. Трамп во едно интервју кажа дека војната би можела да трае четири недели, а во друго пет.
Исто така, тој претходно денес кажа дека американската војска има доволно залихи оружје за да може да води војни засекогаш. Во објава што се појави преку ноќ на социјалните медиуми, Трамп порача дека постои „скоро неограничено снабдување“ со американска муниција и дека „војните можат да се водат засекогаш, и тоа многу успешно, користејќи само тие залихи“.






