понеделник, 15 декември 2025

Полска уапси 32 лица осомничени за соработка со Русија за саботажа

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека властите привеле 32 лица осомничени за соработка со Русија за саботажа, пренесе полската новинска агенција ПАП.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Групата вклучува Полјаци, Руси, Украинци и Белоруси, објави ПАП, како и 27-годишен Колумбиец кој е обвинет за два подметнати пожари во Полска минатата година по налог на Русија.

Едно лице е осудено, додека другите се во притвор и чекаат судење. Полската агенција за внатрешна безбедност денес соопшти дека тој се соочува со затворска казна од 10 години до доживотен затвор во врска со палењето на два градежни магацини во мај 2024 година.

Осомничениот наводно добил инструкции, вклучително и како да направи молотов коктел за да запали пожар, од некој поврзан со руската разузнавачка служба.

Други детали за осомничените или за наводна саботажа не беа веднаш достапни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ