понеделник, 8 декември 2025

Полска почнува нова програма за воена обука, целта е да се обучат 400.000 луѓе до 2026

Полска овој месец ќе почне нова програма за воена обука како дел од поширокиот план за обука на околу 400.000 луѓе до 2026 година, објави денес министерството за одбрана.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Поттикната од конфликтот во Украина, Полска сега издвојува најголем дел од својот БДП за одбрана меѓу членките на НАТО. Таа стана трета најголема армија на западниот воен пакт, со 216.000 припадници, и планира да го зголеми бројот на војници за речиси една третина во следните десет години.

Министерот за одбрана Владислав Косињак Камиш ја опиша програмата, наречена „Во готовност“, како „најголемата одбранбена обука во историјата на Полска“. Програмата ќе биде доброволна и отворена за сите граѓани – од студенти и вработени лица до компании и пензионери. Програмата вклучува основен курс за безбедност, обука за преживување, медицинско образование и часови за кибернетичка хигиена.

„Само во ноември и декември ќе обучиме околу 20.000 луѓе преку индивидуална обука, но вкупниот број, вклучувајќи ги сите форми на обука, изнесува околу 100.000 луѓе“, изјави заменик-министерот за одбрана Цезари Томчик на прес-конференција.

Следната година министерството планира да обучи околу 400.000 луѓе „индивидуално, во групи, како дел од програмата „Образование со армијата“, преку обука на резервисти и доброволна воена служба“, додаде Томчик.

Началникот на Генералштабот Вјеслав Кукула кажа дека програмата има две основни цели – зајакнување на отпорноста на граѓаните и заедниците и зголемување на достапноста, подготвеноста и капацитетот на резеристите. Програмата првпат ја објави премиерот Доналд Туск во март за „изградба на армија од резервисти“ поради зголемената безбедносна загриженост по руската инвазија на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ