петок, 27 февруари 2026

Полска планира забрана на социјалните мрежи за децата под 15 години

„Го гледаме менталното здравје на децата и младите, гледаме пад на нивната интелектуална способност“, изјави министерката за образование.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Полска планира да воведе нов закон со кој би се забранило користењето социјални мрежи за деца помлади од 15 години, а платформите би биле одговорни за проверка на возраста на корисниците, изјави министерката за образование Барбара Новацка за Блумберг њуз во интервју објавено денес.

Владејачката Граѓанска коалиција ќе претстави нацрт-рамка на законот, со планирани парични казни за платформите што ќе останат достапни за помлади корисници, наведе Новацка, додавајќи дека законот би можел да стапи во сила во почетокот на 2027 година.

„Го гледаме менталното здравје на децата и младите, гледаме пад на нивната интелектуална способност“, рече Новацка за Блумберг, додавајќи дека за висината на казните што компаниите би требало да ги платат сè уште се разговара.

Неколку европски влади, вклучително Данска, Грција, Франција, Шпанија и Британија, разгледуваа слични ограничувања поради тврдењата дека услугите на социјалните мрежи се штетни или создаваат зависност кај малолетниците.

Британската влада во јануари соопшти дека разгледува ограничувања за заштита на децата на интернет, откако Австралија во декември воведе слични закони.

Оваа иницијатива би можела да ја доведе Варшава во судир со американските технолошки компании како Мета и платформата Икс на Илон Маск, од кои некои се спротивставија на ограничувањата по австралиската забрана минатата година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ