недела, 13 април 2025

Полска активира борбени авиони по руските напади врз Украина

Полски и сојузничките авиони беа активирани рано утринава за да се гарантира безбедноста на полскиот воздушен простор, откако Русија започна воздушни напади насочени кон западна Украина, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Преземените чекори се насочени кон одржување на безбедноста во регионите кои се граничат со ризичните области“, соопшти Командата на платформата Икс.

Цела Украина беше под предупредување за воздушен напад откако украинските воздухопловни сили предупредија на руски ракетни напади.

Русија рано утринава изврши масовен ракетен напад врз Украина. Во текот на целата земја беше објавена тревога од воздух, во Киев се слушнаа силни експлозии. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, извести за повредени и бројни пожари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ