„Ситуацијата во Киев е една од најтешките – моментално околу 50 проценти од потрошувачите во градот се без електрична енергија“, објави Министерството за енергетика на социјалната мрежа Телеграм.
Во последните месеци Русија нагло го зголеми бројот и интензитетот на нападите врз гасната и енергетската инфраструктура на Украина, насочени кон објекти за производство на енергија и системи за пренос на електрична енергија.
Украина управува со три нуклеарни централи кои произведуваат повеќе од 50 проценти од вкупната електрична енергија, но централите беа принудени да го намалат производството поради оштетување на далноводите.
Поради ова, операторот на мрежата Укренерго го ограничи снабдувањето на потрошувачите, замрачувајќи цели региони. Прекините на електричната енергија влијаат и на снабдувањето со топлина и вода.
Минатата недела жителите на Киев и регионот на Киев добиваа електрична енергија околу десет часа на ден.






