недела, 29 март 2026

Политико: Трамп размислува да го смени советникот по фијаското со воените планови

Советникот за национална безбедност ан Соединетите Американски Држави Мајк Волц би можел да биде сменет од позицијата откако додал новинар во приватен групен разговор на апликацијата Сигнал за американските напади на јеменските хути, дознава Политико.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Функционери на Белата куќа кажале за Политико дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе донесе одлука во следните ден-два.

„Половина од нив зборуваат дека никогаш нема да ја „преживеат“ смената или дека не би требало да ја „преживуваат““, наведува висок функционер на американската администрација за Политико, реферирајќи на повеќе преписки меѓу персоналот за судбината на Волц. Два виши советници дале идеја Волц да поднесе оставка за да избегне да го доведе Трамп во лоша позиција, се наведува.

„Сите во белата куќа можат да се сложат околу едно нешто: Мајк Волц е ебен идиот“, навело за Политико лице блиско до Белата куќа.

Инцидентот беше објавен вчера во напис на Атлантик кој го напишал главниот уредник Џефри Голдберг, кој бил вклучен во групниот разговор. Советот за национална безбедност на САД потврди дека пораките изгледаат автентични и кажа дека истражува како Голдберг бил ненамерно додаден.

Во групата на апликацијата Сигнал биле потпретседателот Џеј Ди Венс, државниот секретар Марко Рубио, министерот за одбрана Пит Хегсет, директорката на разузнавачките служби Тулси Хабард, претставникот за Блискиот Исток Стив Виткоф и 12 други функционери.

„Како што кажа претседателот Трамп, нападите на хутите биле многу успешни и ефикасни. Претседателот Трамп и понатаму има најголема доверба во својот тим за национална безбедност, вклучувајќи го советникот за национална безбедност Мајк Волц“, кажа портпаролката на Белата куќа Керолајн Левит.

Претседавачот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон кажа за Политико дека Волц не би требало да поднесе оставка. „Тој е исклучително квалификуван за работата. Му се верува, доверлив е. Создаден е за таа работа и јас имам целосна доверба во него“, кажа Џонсон.

Двајца функционери велат дека Трамп би можел да го насочи својот гнев на потпретседателот Венс поради противењето на политиката на Белата куќа кон Јемен во протечениот групен разговор или на министерот за одбрана Пит Хегсет поради споделување доверливи детали за претстојни напади.

Голдберг наведува дека Венс во разговорот на апликацијата Сигнал кажал дека смета дека нападите на хутите се „грешка“, истакнувајќи дека низ Суецкиот канал минуваат само 3 отсто од американската трговија, додека европската зависи од таа рута со удел од дури 40 отсто. „Постои реална опасност јавноста тоа да не го разбере и да не сфати зошто е тоа потребно. Најсилната причина за нападот е, како што кажа претседателот, испраќање порака“, наводно напишал Венс.

Тој додал и дека не е сигурен дали претседателот Трамп е свесен колку тие напади се неспоиви со неговата актуелна порака до Европа, истакнувајќи дека би можеле да предизвикаат пораст на цените на нафтата. „Спремен сум да го поддржам консензусот на тимот и да ги задржам своите сомнежи за себе. Но постои силен аргумент за одложување од еден месец, за да ја подготвиме јавноста, да ја испитаме состојбата на економијата и слично“.

Хегсет, според извештајот, подоцна кажал дека спроведувањето на нападот би испратило порака на решителност. „Ако мислите дека треба да одиме, одиме. Само што навистина мразам повторно да ја спасувам Европа“, напишал Венс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ