четврток, 8 јануари 2026

Политико: САД не ја потпишаа декларацијата за безбедносните гаранции за Киев

Соединетите Американски Држави не ја потпишаа декларацијата за безбедносни гаранции за Киев усвоена по состанокот во Париз, објави Политико.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според весникот, првично се очекувало Вашингтон да го стори тоа, но документот го потпишале само претставници на „коалицијата на спремните“, во која не се вклучени САД.

„Деталите за американското учество во мултинационалните сили во Украина беа отстранети од претходниот нацрт. Во таа верзија се наведуваше дека САД ветиле дека ќе ги поддржат силите во случај на напад врз нив“, се наведува во текстот.

Еден ден претходно британскиот премиер Кир Стармер објави дека „коалицијата на спремните“ усвоила декларација за распоредување трупи во Украина доколку се постигне мир.

Тој изјави дека во случај на прекин на огнот, Британците и Французите ќе воспостават воени бази низ целата земја и ќе изградат складишта за опрема за украинските вооружени сили.

Руското Министерство за надворешни работи постојано истакнува дека секое сценарио кое вклучува распоредување трупи на НАТО во Украина е категорично неприфатливо и носи ризик од жестока ескалација.

Специјалниот претставник на американскиот претседател Стивен Виткоф нагласи дека на разговорите во Париз е постигнат значителен напредок по неколку клучни прашања, вклучувајќи ги и безбедносните гаранции за Киев. Тој кажа дека САД се надеваат на компромис по прашањето за територијата.

Зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер, истакна дека претседателот ги темели своите разговори со Владимир Путин на безбедносни гаранции за Украина. Тој додаде дека состанокот во Париз е важен чекор кон мировен договор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ