„Во последните недели, имаше промена на ставот во Европската комисија и беше поддржан поинаков став кон Србија“, ја пренесува Политико изјавата на функционер на ЕК.
И, како што тврди тој, „Србија е сè уште теоретски кандидат за членство во ЕУ еден ден, и покрај назадувањето во зајакнувањето на демократските вредности“.
Политико наведува дека ова било нагласено пред денешната дебата за Србија во Европскиот парламент.
Се додава дека од европската комесарка Марта Кос, која го заостри својот став кон српската влада и подвлече дека „ЕУ има проблем со Белград“, се бара јасно да каже на чија страна е српскиот претседател Александар Вучиќ, по неговото неодамнешно патување во Кина.
Кос подвлече, се истакнува во извештајот, дека „сфаќањето на Вучиќ за демократијата е многу подложно на прашања“ и кажа дека „неговата влада, напротив, мора да се фокусира на враќање на слободата на медиумите, изградба на независно судство и прекин на насилството што го вршат властите“.






