петок, 30 мај 2025

Полицијата во Нови Сад со пендреци тепаше демонстранти пред факултет (ВИДЕО)

Пред факултетот за спорт и физичко воспитување во Нови Сад, чиј влез вчера го блокираа студенти и граѓани, дошло до инцидент кога полицијата почнала да ги удира присутните со пендреци.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата претходно се обидела да пријде до влезот на факултетот, но граѓаните и студентите ги спречиле. Сепак, припадници на Жандармеријата успеале да се пробијат до влезот користејќи солзавец и потиснувајќи ги граѓаните.

Неколку лица биле повредени при употребата на солзавецот, меѓу нив и еден новинар.

По инцидентот, ситуацијата се смирила.

Граѓаните и студентите се собрале вчера пред Факултетот за спорт и физичко воспитување за да го спречат деканот во обидот да ја пробие блокадата на факултетот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ