сабота, 4 април 2026

Полицајците кои го чуваат градоначалникот на Лондон на улица оставиле торба со оружје

Вооружени полициски службеници кои го чуваат лондонскиот градоначалник Садик Кан заборавиле торба со оружје пред неговата куќа, а минувачка го пријавила инцидентот, јавуваат медиумите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Градежниот работник Џордан Грифитс изјавил за Сан дека неговата девојка ја нашла торбата на улица во јужен Лондон во вторник вечерта.

Торбата содржела полуавтоматски карабин Хеклер и Кох МП5, пиштол глок, тејзер и муниција, објави весникот.

„Не можев да им поверувам на своите очи“, изјави Грифитс за Сан.

Работникот се јавил во полиција и им кажал што нашол, по што тие дошле во рок од неколку минути за да го земат оружјето, рекол тој.

„Ми беше кажано дека таму ги оставил еден од безбедносните службеници на Садик Кан, што има смисла бидејќи тој живее тука“.

Полицијата ги потврди неговите наводи, како и фактот дека оружјето било нивно.

„Во оваа фаза, се верува дека торбата ја изгубиле полицајците на должност непосредно пред минувачот да ја пронајде“, објави Метрополитенската лондонска полиција.

„Ова е многу сериозен инцидент и е пријавен во Дирекцијата за професионални стандарди на Метрополитенската полиција. Сега мора да преземе сите чекори за да се осигури дека таков инцидент никогаш повеќе нема да се случи“, го осуди пропустот портпаролот на градоначалникот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ