недела, 5 април 2026

Погоден еден од најстарите медицински центри во Иран (ФОТО)

Израелската војска се огласи по обвинувањата на Иран дека во напад е тешко оштетен Пастеровиот институт во Техеран, еден од најважните научни и медицински центри во земјата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за здравство на Иран претходно објави дека во напад се оштетени лабораториите, истражувачките оддели и административните згради на комплексот.

На прашање на Скај њуз портпаролот на израелската армија кажал дека целта била воен штаб на иранскиот режим, кој наводно се наоѓал во близина на институтот.

„Израелската армија го таргетирала воениот штаб на терористичкиот режим во Техеран, која режимот намерно ја изградил во близина на Пастеровиот институт“, кажа тој.

Тој додаде дека израелската војска дејствува во согласност со меѓународното право и не таргетира цивилни објекти. „Ние не таргетираме цивилни институции, вклучувајќи истражувачки и медицински установи кои имаат посебна заштита, туку исклучиво воени цели“, кажа тој.

Портпаролот додаде дека израелската армија „остро осудува“ каква било штета на цивилни објекти. Израелската армија претходно беше цел на критики за постојани напади врз медицински установи за време на војната во Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ