четврток, 1 јануари 2026

Поднесено обвинение за уривањето на настрешницата во Нови Сад, обвинети се 13 лица

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти денес дека поднело обвинение против 13 обвинети за падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Во трагичната несреќа на 1 ноември загинаа 15 лица, а две се тешко повредени.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Обвинението е поднесено против Јелена Танасковиќ, поранешна вршителка на должноста директор на инфраструктура на српската железница, Горан Весиќ, поранешен министер во министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура, Анита Димоски, поранешна в.д. помошничка на министерот за градежништво, сообраќај и инфраструктура и Небојша Шурлан, поранешен генерален директор на Инфраструктура на железница на Србија.

Овие четири лица се обвинети за тешко дело против општата безбедност во врска со кривично дело предизвикување општа опасност.

Обвинети се уште девет лица за изведбата на реновирањето на железничката станица во Нови Сад. Тие се исто така обвинети за тешко дело против општата безбедност, но во врска со кривично дело непрописно и неправилно изведување на градежни работи.

Обвинението е поднесено откако е завршена истражната фаза на кривичната постапка со носење наредба за завршување на истрагата.

Обвинението е поднесено во вишиот суд во Нови Сад, со целосната документација собрана за време на предистражната и истражната постапка, како и сите останати докази кои поткрепуваат постоење оправдан сомнеж за поднесување обвинение.

Трагедијата во Нови Сад предизвика бран протести во Србија со кои се бара одговорност поради негрижата во изведувањето на работите и коруптивните зделки со кои е предизвикана несреќата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ