Стојановиќ на Фејсбук наведе дека Додик во јавните настапи изнесувал изјави кои го „навредуваат достоинството на Бошњаците и ги нарушуваат со уставот и меѓународните акти загарантираните права на вера, култура и слободно уживање на сите темелни слободи“.
Стојановиќ наведе дека „има институционална и морална обврска да реагира кога се загрозени темелите на државата – рамноправноста, безбедноста и достоинството на нејзините граѓани“.
„Молчењето пред говорот на омраза не е опција. БиХ е држава на сите нејзини народи и граѓани. Нејзините темели се во борбата против фашизмот, во слободата и еднаквоста. Патриотизмот значи да се брани достоинството на секој човек и да се штитат вредностите на кои оваа земја почива“, истакна тој.
Додик во обраќање до новинарите на 29 април, по состанокот на владејачката коалиција во Република Српска, изнесе теза дека решение за БиХ е Бошњаците „треба да се вратат на верата на своите предци, па Босна и Херцеговина ќе биде мнозински српска“.
Негирајќи го идентитетот на Бошњаците, тој ги навреди нарекувајќи ги конвертити.
Кривичниот закон на БиХ забранува „јавно предизвикување и разгорување национална, расна или верска омраза“, предвидувајќи и затворска казна.
По Додик има распишано потерница од Судот и Обвинителството на БиХ, бидејќи одбива да се одзве на сослушување поради „напад на уставниот поредок на земјата“.