петок, 13 јуни 2025

Подем на крајната десница на изборите во Португалија

Португалската владејачка централно-десничарска Демократска алијанса победи на предвремените парламентарни избори, но сè уште не може сама да формира влада.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Нејзиниот водач, Луис Монтенегро, им вети на поддржувачите дека ќе „привлече инвестиции“ и „ќе гарантира просперитет и социјална правда“.

Лидерот на социјалистите Педро Нуњо Сантос објави дека поднесува оставка откако неговата партија доживеа дебакл – од досегашните 120 места, тие паднаа на 58.

Екстремно десничарската Чега ги надмина повеќето анкети и освои 58 места, осум повеќе од минатата година.

Релативно новата партија Чега, од политичката десница, постигна одлични резултати. Може да се случи социјалистите да бидат зад Чега во вкупниот збир, затоа што се чекаат гласовите од странство, што трае неколку дена.

Андре Вентура, лидерот на Чега, рече дека „историскиот“ резултат го означил крајот на двопартиската доминација во Португалија.

Во кампањата се фокусираше на прашањата за имиграцијата и корупцијата, а на Чега веројатно му помогна тоа што овие избори, како и претходните, беа распишани по скандал во врвот на власта.

Обраќајќи им се на приврзаниците, Луис Монтенегро им се заблагодари и на своето семејство и на „политичкото семејство“, кои го бранеа од нападите поврзани со работите на компанијата што ја основал пред да стане лидер на партијата, која сега е во сопственост на неговите синови.

Поради оваа полемика владата ја загуби довербата, па беа распишани предвремени парламентарни избори.

Во меѓувреме, водачот на социјалистите Сантос го повтори својот став дека Монтенегро не може да биде премиер, сугерирајќи дека неговата партија не треба да дозволи тоа да се случи.

Претходниот премиер Антонио Кошта поднесе оставка во 2024 година, откако властите ја претресоа неговата официјална резиденција во истрагата за наводна корупција поврзана со концесиите доделени за рудници за литиум.

Во декември истата година Кошта беше избран за претседател на Европскиот совет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ