Вучиќ неодамна ги посети просториите на СНС во Белград, кои, како што тврди, биле оштетени за време на протестите. „Провалувањето во нашите простории беше кошмар“, кажа тој и додаде дека вечерва низ цела Србија ќе бидат организирани собири против блокадите и насилството.
„Нашите директни организатори можеби не се насекаде, но собири ќе се одржат во 50 градови во Србија. Никогаш не сме против луѓе, но сме против блокади“, рече Вучиќ.
Партијата веќе објави видео покана до граѓаните за „собири против блокадите“. Претседателот на СНС, Милош Вучевиќ, за Пинк изјави дека собирите ќе бидат мирни и демократски.
Победиће Србија!!! pic.twitter.com/Z0MrJVVsAj
— Милош Вучевић (@milos_vucevic) August 19, 2025
„Пораката е јасна – доста ни е од блокадите, сакаме да ни се врати нормалниот живот“, кажа Вучевиќ.
Тој кажа и дека владата наскоро ќе презентира мерки со кои, како што вели, ќе ги вратат институциите кај граѓаните. „Мнозинството Србија го очекува тоа“, нагласи тој. Вучиќ најави дека новите мерки ќе бидат презентирани во недела, кои треба да стапат во сила на 1 септември.






