Тој му се заблагодари на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, нарекувајќи го „човек со извонредна храброст“.
Од публиката притоа се слушнаа извици „Биби“, прекарот на Нетанјаху.
Трамп им се заблагодари и на арапските држави што учествуваа во разговорите, велејќи дека е „неверојатен успех“ што сите страни соработувале.
Тој додаде дека сега е почеток на „златна доба за Израел“, но и „златна доба за целиот регион“.
Трамп им се заблагодари на специјалниот пратеник Стив Виткоф, неговиот советник и зет Џаред Кушнер – за кого рече дека „го сака Израел“ – и на државниот секретар Марко Рубио и на министерот за војна Пит Хегсет.
„Имавме неверојатно добри луѓе што работеа на ова“, рече Трамп.
Зборувајќи за односите со Израел, тој додаде:
„Биби ме повика толку многу пати, секогаш бараше оружје – толку многу пати што Израел стана силен и моќен… и тоа е она што доведе до мир“.
Трамп до Нетанјаху: Можеш да бидеш малку пољубезен, веќе не си во војна
Претседателот на САД, Доналд Трамп, му рече на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху:
„Можеш да бидеш малку пољубезен, бидејќи повеќе не си во војна.“
Трамп додаде дека само со прифаќање на можностите што ги нуди овој момент може да се постигне целта никогаш да не се повторат ужасите од последните години.
Неговиот говор во Кнесетот траеше повеќе од 35 минути, но Трамп се пошегува велејќи:
„Доста доцнам. Ме задржавте доста време помеѓу говорите на опозициските лидери и брилијантниот, но многу долг говор на Биби.“
„Мислев дека само ќе дотрчам, ќе одржам говор и ќе одам во Египет“, додаде тој со насмевка.






