недела, 14 декември 2025

Почнува примената на пактот: Приштина, Тирана и Загреб заедно купуваат оружје

Косово, Албанија и Хрватска работат на спроведување на одбранбената соработка за која се согласија пред пет месеци, кога беше потпишана заедничка декларација. Радио слободна Европа објави дека „купувањето одбранбени капацитети“ или оружје е првата обврска.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за одбрана на Косово во технички мандат, Ејуп Мачедонци, изјави дека на 18 јули во Тирана се одржал состанок на групата за имплементација „за да се развие план на оперативно ниво“.

Албанското министерство за одбрана, кое беше домаќин на церемонијата на потпишување, објави дека во септември оваа година на министерствата на Албанија, Косово и Хрватска ќе им биде презентиран водич кој е во завршна фаза на развој за сите да го одобрат.

Декларацијата потпишана од Мачедонци, албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу и хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ наведува четири точки на соработка – промоција на одбранбените капацитети и соработка во соодветната индустрија, зголемување на интероперабилноста преку образование, обука и воени вежби, одговор на хибридни закани и зајакнување на отпорноста и целосна поддршка за евроатлантската интеграција. Оваа четврта точка, како што претходно наведоа потписниците, се однесува на Русија и Србија.

Според Мачедонци, меѓу другото, целта е да се изврши единствена нарачка за оружје наместо три одделни.

„На пример, системот за оружје што сакаме да го купиме од САД, го нарачуваме како една набавка“, изјави Мачедонци за Радо слободна Европа, додавајќи дека ќе го искористи следниот состанок во рамките на САД-Јадранската повелба (А5), што се очекува во октомври оваа година, за да ги покани „регионалните партнери да се приклучат на иницијативата“.

Членови на САД-Јадранската повелба се Албанија, Хрватска, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, додека Косово има статус на набљудувач.

Трилатералниот договор за соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово во областа на одбраната е прекршување на субрегионалниот договор за контрола на оружјето од 1996 година, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по здружувањето во „тројниот пакт“.

Патем, според Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации, единствената безбедносна сила во Косово и Метохија може да биде Кфор но западните сили го игнорираат ова и наместо тоа ја вооружуваат таканаречената косовска војска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ