понеделник, 9 март 2026

„По твоја заповед, Моџтаба“: Порака на иранска ракета упатена кон Израел

На фотографија објавена од иранската државна телевизија се гледа ракета на која е испишана пораката „По твоја заповед, Сејед Моџтаба“, што се толкува како израз на лојалност на иранските сили кон новиот врховен водач. „Сејед“ е почесна титула што се користи за потомци на пророкот Мухамед.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Иран изврши нови ракетни напади откако Моџтаба Хамнеи стана нов врховен водач на земјата, објави државниот емитер ИРИБ на својот канал на Телеграм.

На снимка што ја објави иранската државна телевизија се гледа балистички проектил на кој е испишана пораката: „По твоја заповед, Сејед Моџтаба“. Иранските медиуми објавија дека пораката ја испишале иранските сили што ја лансирале ракетата — најверојатно припадници на Корпусот на гардата на Исламската револуција.

Државниот емитер ИРИБ објави дека првиот бран ракети биле лансирани „кон окупираните територии“, што е израз што Иран го користи за Израел. Некои медиуми дури директно посочија дека ракетата со пораката била „насочена кон Израел“.

Испишувањето пораки на ракети е честа практика во Иран и дел од симболичната пропаганда на државата и на Корпусот на гардата на Исламската револуција. Иранските сили и претходно испишувале слогани и политички пораки на оружје, особено во периоди на зголемени тензии со Израел и Соединетите Американски Држави. Во минатото на ирански ракети се појавувале пораки како „Смрт за Израел“ или „Смрт за Америка“, кои се фотографираат и се објавуваат во државните медиуми како симболична демонстрација на лојалност кон врховниот водач и решеност за продолжување на борбата против противниците на Иран.

Во овој случај, натписот „По твоја заповед, Сејед Моџтаба“ се толкува како израз на лојалност кон новиот врховен водач Моџтаба Хамнеи, чиј избор следеше по смртта на неговиот татко, ајатолахот Али Хамнеи, во американско-израелските напади на 28 февруари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ