понеделник, 15 декември 2025

По силниот земјотрес, вулкан еруптираше на Камчатка (ВИДЕО)

Вулканот Кључевскаја Сопка на рускиот полуостров Камчатка почна да еруптира по силниот земјотрес што го погоди Тихиот Океан денеска, соопшти службата за геолошки истражувања, пренесува Ројтерс. Во соопштението објавено на Телеграм, Геофизичката служба на Руската академија на науки вели: „На западната падина е забележано спуштање на вжештена лава. Над вулканот има силен сјај, експлозии“.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Сместен приближно 450 км северно од регионалниот главен град Петропавловск-Камчатски, Кључевскаја Сопка е еден од највисоките вулкани во светот.

Тој еруптираше неколку пати во последниве години.

Земјотрес со јачина од 8,8 степени што го погоди регионот Камчатка денеска оштети згради и повреди неколку луѓе во оддалечениот руски регион, но нема информации за жртви.

На снимките се гледа интензивен сјај над кратерот, а во областа се слушаат силни експлозии.

Спасувачите минатата недела ги предупредија граѓаните да не го посетуваат овој и неколку други вулкани поради зголемена активност. Вулканот Кључевскаја, на 4.850 метри надморска височина, се наоѓа во регионот Камчатка и е највисокиот активен вулкан во Евроазија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ