Објавата сугерираше дека брод успешно поминал низ Ормускиот теснец, што пазарите го протолкуваа како знак дека сообраќајот повторно се нормализира. Тоа доведе до нагло паѓање на цената на нафтата.
Но кратко потоа Белата куќа ја негираше информацијата, а објавата беше избришана, што повторно ја зголеми неизвесноста на пазарот и ја турна цената на нафтата повторно нагоре.
Ормускиот теснец е една од најважните енергетски артерии во светот. Низ него минува околу една петтина од глобалната трговија со нафта, па секое нарушување на сообраќајот веднаш влијае врз цените на енергенсите.
Ројтерс и Блумберг јавуваат дека поради ризикот од напади иранските закани и воените операции во регионот довеле до тоа многу танкери и бродски компании да го избегнуваат теснецот, а некои осигурителни компании драматично ги зголемиле премиите за бродовите што минуваат низ регионот.
Пазарните аналитичари предупредуваат дека ако блокадата на теснецот продолжи, цената на нафтата може повторно да надмине 100 долари за барел, што би можело да предизвика нов инфлаторен притисок во Европа и Азија и дополнително да ја забави светската економија.
Според податоците на светските берзи, нафтата брент во понеделникот достигна речиси 120 долари за барел, пред повторно да падне, но и натаму останува значително повисока отколку пред почетокот на конфликтот на Блискиот Исток на 28 февруари.






