Претходница им беа тркачи од Ахен и Ротердам кои во Брисел стигнаа како поддршка на колегите и сонародниците од Србија, а беа дочекани со музика и извици „Пумпај“, што со месеци е обележје на нивните протести.
Studenti-ultramaratonci stigli su oko 19 časova u Brisel, krajnju destinaciju svog 16-dnevnog ultramaratona, koji je počeo u Novom Sadu. pic.twitter.com/h7mpFYSNcI
— TV N1 Beograd (@n1srbija) May 12, 2025
Потоа на бината ја пееја српската национална химна „Боже правде“ и со шестнаесетминутен молк им оддадоа почит на загинатите во уривањето на стреата во Нови Сад.
Студентското движење настана на бранот антивладини протести поттикнати од загинувањето на 16 луѓе во уривањето на стреата на новосадската железничка станица на 1 ноември минатата година. Од властите бараат кривична и политичка одговорност за трагедијата и бараат борба против корупцијата, слободно и уредено општество и независно дејствување на институциите.
Откако претходно во април група студенти со велосипеди возеа до Брисел, следеше стартот на студентите ултрамаратонци од Нови Сад. Тие за 18 дена стигнаа преку Хрватска, Австрија, Германија, Франција и Луксембург до Брисел, претрчувајќи вкупно повеќе од 1.900 километри.
Намерата им беше до Брисел да стигнат пред новото заседание на Европскиот парламент на 21 мај, а целта е да се сврти вниманието на лидерите на Европската унија на настаните во Србија и целите на студентското движење.
Српските студенти ги дочекале неколку европски пратеници, а нивните пораки имаат заедничка оценки дека студентите ја избрале иднината на Србија во ЕУ, а не „со автократскиот режим на кој му се спротивставуваат“.