петок, 12 декември 2025

Пленковиќ за Милановиќ: „Тој сигурно нема да биде иден претседател на владата“

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ изјави во Загреб дека претседателот на таа земја Зоран Милановиќ нема да биде иден премиер.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Што се однесува до оние кои се задолжени за спроведување на изборите, државната изборна комисија и Уставниот суд, очекувам да се огласат. Иден претседател на владата сигурно нема да биде тој, ние ќе го предложиме идниот мандатар, а тоа, според атмосферата која ја гледам во Хрватска, би требало да бидам јас“, кажа Пленковиќ на новинарско прашање по седница на претседателството на Хрватската демократска заедница.

На прашањето за коментар на изјавата на Милановиќ дека и поранешната претседателка на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ била дел од кампањата на митинзите организирани од ХДЗ, Пленковиќ кажа дека мисли дека тоа не е точно, но дека не се сеќава на тоа.

На прашањето колку пари ќе потроши на кампањата, Пленковиќ кажа дека секогаш се троши во законските рамки.

Милановиќ, и покрај одлуката на Уставниот суд дека не може да биде кандидат на парламентарните избори додека е претседател, не ја отфрла таа можност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ