недела, 29 март 2026

Пленковиќ: Србија се однесува неприфатливо

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ побара објаснување од српските власти поради протерувањето на тројцата хрватски државјани, кое го нарече „неприфатливо“ и ги отфрли тврдењата дека хрватски државјани се мешаат во внатрешните случувања во Србија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Амбасадорот на Хрватска во Србија Хидајет Бишчевиќ потврди дека амбасадата во последните три дена добила известувања за протерување тројца хрватски државјани од Србија, меѓу нив и шефот на претставништвото на Хрватската стопанска комора.

„Бараме разјаснување од властите на Србија во врска со ваквата неприфатлива пракса која Хрватска ја осудува“, порача Пленковиќ на седница на хрватската влада.

Пленковиќ ги отфрли „инсинуациите дека хрватски државјани на кој било начин се мешаат во внатрешните случувања во Србија“. Тој додаде дека Хрватска за случувањата ги известила своите партнери во Европската Унија, а дека министерството за надворешни работи испратило протестна нота до Србија поради „неприфатливото однесување кон хрватските државјани, според нашето уверување, без какви било валидни аргументи“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ