четврток, 18 декември 2025

Пленковиќ: Србија мора да објасни зошто не беше на самитот ЕУ-Западен Балкан

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ синоќа во Брисел изјави дека постои вистинска волја на Европската Унија, доколку некоја земја е подготвена, до средината на 2029 година да се реализира проширувањето.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој на новинарите при влегувањето на самитот ЕУ-Западен Балкан им кажа дека не знае доволно за тоа зошто на овој самит за прв пат нема претставник на Србија.

„Господинот (српскиот претседател Александар) Вучиќ и Србија мора да се објаснат“, кажа тој.

Според него, вчерашната средба треба да биде дополнителен стимул за политиката на проширување на Европската Унија.

„Стратегиски, ова се многу важни земји за нас, тие се наши соседни земји. Сакаме земјите кои добро ги познаваме да продолжат со реформите, тие да бидат во корист на граѓаните на тие земји и да ги исполнат критериумите“, кажа тој и нагласи дека Хрватска е особено силно посветена на Босна и Херцеговина.

„За прв пат чувствуваме, не само во Комисијата, туку и во Европскиот парламент, а би рекол и меѓу важните членови на Европскиот совет, дека постои вистинска волја, доколку е можно, доколку се исполнети критериумите, до крајот на мандатот на оваа Комисија и Парламентот, односно кон средината на 2029 година, да се обидеме да одлучиме, со услов една од земјите да биде подготвена, да постигнеме вистинско пристапување по Хрватска. До оваа година не чувствував таква промена, тоа е охрабрувачко“, додаде тој.

Тој исто така кажа дека сега се обидуваат да стават „геополитичка оптика“ на процесот на проширување, односно дека некои процеси би можеле да се завршат побрзо и подинамично.

„Верувам дека ќе ја искористиме утрешната дискусија за да видиме што е преовладува кај земјите-членки денес, со каква динамика и со каков пристап напред, бидејќи е очигледно дека атмосферата се променила“, кажа хрватскиот премиер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ