„Ја имате Македонија, која е блокирана. Ја имате Србија со повеќе од две години најголеми, најсилни и најсериозни внатрешни немири и демонстрации, на работ на граѓанска војна. Ја имате Босна и Херцеговина, каде што (претседателот на Република Српска Милорад( Додик со години го влече одвојувањето или неодвојувањето, и оп, тој е надвор. Тоа е реалноста. Мораме да бидеме навистина трезвени во врска со проширувањето и променливиот глобален контекст. Јас сум за проширување, мислам дека сите се обидуваат да се приклучат, но треба политички да се стабилизираат“, кажа Пленковиќ.
За време на дискусијата тој спомена дека денес би било тесно (50-50) на референдумот за членство во ЕУ во Хрватска, а новинар го праша дали Хрватска назадува во демократските стандарди по пристапувањето во ЕУ и дали назадува под неговата трета влада, која е подесничарска од првите две, на што премиерот одговори: „Хрватска во 2016 година и Хрватска во 2025 година? Тоа дека назадува како членка на Европската Унија може да го заклучи само некој што е целосно неинформиран за тоа што е Хрватска денес“.
„Во однос на слободата на говорот? Не знам дали можеме да бидеме послободни отколку што сме. Нека ми каже кој било што на кого му условува, ограничува, цензурира… “, кажа тој.
На Форумот, кој оваа година се одржува под слоганот „Одбегнат свет “, присуствуваат и претседатели, премиери или министри за надворешни работи на шесторката од Западен Балкан.






