петок, 25 април 2025

Пленковиќ: Протерувањата на хрватските државјани од Србија не се изолирани случаи, постои систем

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ изјави дека протерувањата на хрватските државјани од Србија не се изолирани случаи и изрази очекување дека таквата пракса ќе престане.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Очекуваме тоа да престане“, им кажа Пленковиќ на новинарите по повод најновите случаи на протерувања на хрватски државјани со објаснување дека претставуваат безбедносен ризик за Србија.

Хрватскиот премиер кажа дека досега се протерани 16 лица, а дека уште 16 не се пуштени во Србија. Според него, не станува збор за изолирани случи, туку за „некаков систем“.

Тој повторно ги отфрли тврдењата на српските власти за хрватско влијание на политичките случувања во Србија оценувајќи ги како смешни.

Министерот за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман изјави во Луксембург дека на своите колеги од државите членки на Европската Унија им изразил незадоволство поради протерувањата на хрватските граѓани од Србија.

Тој додаде дека и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Каја Калас го осудила постапувањето на Белград кое „не е во согласност со европските вредности бидејќи добрососедските односи се сеопфатен принцип на ЕУ“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ