На прашањето на новинарите дали хиперсоничниот проектил, кој таблоидите во Србија го нарекоа „Загрепчанка“, претставува закана за Хрватска, тој одговори дека тоа е сериозно оружје за кое Хрватска ќе разговара со своите партнери од НАТО, пренесе агенцијата Хина.
„Ќе разговараме со нашите партнери во НАТО алијансата и ќе ги предупредиме за таквото оружје, кое е ново во арсеналот на српските вооружени сили“, кажа Пленковиќ.
Тој исто така нагласи дека Хрватска сите овие години инвестирала многу во својата армија.






