сабота, 12 јули 2025

Плакати во Тел Авив утрово: „Ви благодариме, господине претседател“ (ФОТО)

Во Тел Авив се појавија големи постери со ликот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Денеска во раните утрински часови, САД извршија напад врз три ирански нуклеарни објекти – Фордо, Натанц и Исфахан. Ова е најмоќниот напад врз нуклеарната програма на Иран досега. Шест невидливи бомбардери Б-2 спирит фрлија вкупно 12 бомби за разбивање бункери ГБУ-57 врз добро утврдениот подземен комплекс Фордо, додека американските подморници испукаа 30 крстосувачки ракети врз објекти во Натанц и Исфахан.

Нападот беше опишан како резултат на долгогодишно планирање, со цел уништување на клучните објекти за збогатување ураниум во Иран.

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека објектите се „целосно и комплетно уништени“, додека Меѓународната агенција за атомска енергија објави дека нема покачени нивоа на зрачење на погодените локации. Иран објави дека ќе се брани од „криминалната агресија на САД“ и го бомбардираше Израел со ракети.

Во Тел Авив, израелскиот град шти беше особено погоден од иранскиот напад, се појавија големи постери со ликот на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Ви благодариме, господине претседател“, пишуваше на постерите покрај фотографијата на Трамп и заднината од американски знамиња.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ