петок, 20 март 2026

Пет припадници на иранските безбедносни сили загинаа во напад на југоистокот

Пет припадници на иранските безбедносни сили загинаа во „терористички напад“ на југоистокот на Иран, каде што иранските сили веќе неколку дена спроведуваат операција против вооружени бунтовници, објавија синоќа локалните медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Пет членови на безбедносните сили беа убиени во терористички напад во областа Сараван, во јужната провинција Систан-Белуџистан“, која дели долга граница со Пакистан и Авганистан, објави новинската агенција Фарс.

Регионот, еден од најсиромашните во Иран, е населен со претежно сунитско население, кое е малцинство во таа претежно шиитска земја.

Десет полицајци беа убиени во напад во областа на крајот на октомври. Одговорноста потоа ја презеде сунитската џихадистичка група Џаиш ал Адл, која е активна во тој регион и чие седиште е во Пакистан.

Оттогаш иранските сили започнаа голема операција. Вкупно, од почетокот на таа операција досега се убиени 15 бунтовници, а 33 се уапсени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ