четврток, 25 декември 2025

Песков: Воената операција во Украина ќе заврши кога ќе се постигнат целите поставени од Путин

Специјалната воена операција на Русија во Украина ќе заврши кога ќе се постигнат сите цели што ги постави претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави денеска прес-секретарот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сè уште нема преговарачки процеси, знаете, украинската страна одбива какви било преговори“, изјави Песков на новинарите, пренесува РИА новости.

Директорот на руската надворешна разузнавачка служба, Сергеј Наришкин, претходно денеска изјави дека Русија е „блиску до постигнување на целите на специјалната операција“, дека украинската армија е на работ на колапс, а режимот на Володимир Зеленски нема легитимитет и капацитет за преговори.

Рускиот претседател Владимир Путин во јуни рече дека Москва веднаш ќе го прекине огнот и ќе биде спремна да преговара по повлекувањето на украинските војници од територијата на окупираните украински региони.

Покрај тоа, Путин посочи дека официјален Киев мора да потврди дека се откажува од намерата да се приклучи на НАТО, мора да изврши „демилитаризација и денацификација“, како и да прифати неутрален, вонблоковски и ненуклеарен статус.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ