недела, 13 јули 2025

Песков: Употребата на нуклеарно оружје од страна на САД во Иран би била катастрофална

Потенцијалната употреба на тактичко нуклеарно оружје од страна на САД во Иран би била катастрофален развој на настаните, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитиран од руската државна новинска агенција ТАСС.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Песков ги коментираше, како што рече, шпекулативните медиумски извештаи за таа можност. Сепак, во своите коментари не именуваше ниту еден медиум.

Британскиот весник Гардијан објави дека американските одбранбени претставници биле информирани дека конвенционалните бомби нема да можат целосно да го уништат подземниот објект за збогатување ураниум на Иран во Фордоу, но дека прво ќе бидат потребни напади со конвенционални бомби, а потоа и тактичко нуклеарно оружје фрлено од бомбардер Б-2.

Сепак, британските весници објавија дека американскиот претседател Доналд Трамп не размислува за употреба на тактичко нуклеарно оружје во Фордоу и дека опцијата не била презентирана од министерот за одбрана Пит Хегсет и началникот на Здружениот штаб на вооружените сили, генерал Ден Кејн, на состаноците во Белата куќа.

Трамп во четвртокот изјави дека во рок од две недели ќе донесе одлука за можното учество на Соединетите Американски Држави во израелско-иранскиот конфликт.

Русија, која има блиски врски со Иран, силно предупреди против американската воена интервенција во корист на Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ