недела, 4 мај 2025

Песков: Украина не треба да стане членка на НАТО, тоа не е во наш интерес

Украина не треба да стане членка на НАТО, бидејќи тоа би претставувало закана за интересите на Русија, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа е една од главните причини за овој конфликт. Украина не треба да стане членка на НАТО и не треба да има перспектива за интеграција во Алијансата“, рече Дмитриј Песков за време на своето обраќање пред новинарите, пренесува РИА Новости.

Тој рече дека Кремљ е информиран оти американските претставници на различни нивоа велат дека членството на Украина во НАТО е невозможно, што, како што рече, се совпаѓа со позициите на Москва. Тој додаде дека Русија останува отворена за мирно решение на украинското прашање, но изјави дека не може да прецизира во која временска рамка може да се реши прашањето.

Зборувајќи за велигденското примирје што Русија еднострано го прогласи во саботата и кое траеше до недела на полноќ, тој рече дека Кремљ на сите заинтересирани страни ќе им достави информации за тоа како украинските сили го прекршиле примирјето.

„Велигденскиот прекин на огнот беше лична иницијатива на претседателот на Русија“, додаде Песков.

Денеска руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили продолжуваат со воените операции по истекот на привремениот прекин на огнот на полноќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ