вторник, 10 јуни 2025

Песков: Телефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп ќе се одржи денес во 17:00 часот

Телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп ќе се одржи во 17:00 часот по московско време, потврди денес портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, јави ТАСС.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп во саботата, 17 мај, во објава на платформата Трут соушл најави дека ќе разговара со Путин по телефон во понеделник во 10:00 часот по локално време во Вашингтон.

Американскиот претседател рече дека „темите на дискусија ќе бидат запирање на „крвопролевањето“ во кое во просек се убиваат повеќе од 5.000 руски и украински војници неделно и трговијата“.

Трамп објави дека „потоа ќе разговара со претседателот на Украина, (Володимир) Зеленски“, а потоа ќе разговара и со „различни членки на НАТО“.

„Се надевам дека ќе биде продуктивен ден, дека ќе дојде до прекин на огнот и дека оваа страшно насилна војна, војна што никогаш не требаше да се случи, ќе заврши. Бог да нè благослови сите“, рече Трамп.

Главниот преговарач на американскиот претседател кој работи на завршување на војната во Украина Стив Виткоф во интервју за Еј-би-си њуз претходно денес изјави дека очекува Трамп да има „успешен“ телефонски разговор со Путин, велејќи дека верува оти разговорот значително ќе придонесе за „утврдување каде сме и како да ги завршиме овие преговори“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ