Според неговите зборови, сите веќе се навикнале на „прилично остра и директна реторика“, пренесува РИА Новости.
„Во исто време, тој (Владимир Путин) ги потврдува своите намери да продолжи да прави сè што е можно за да овозможи мирно решение. Всушност, претседателот Путин постојано зборуваше за својата желба што поскоро да го придвижи украинското решение во мирна насока“, истакна Песков во разговор со новинарот Павел Зарубин.
Како што нагласи тој, решението во Украина е „долг процес, бара напор и не е лесно. И, најверојатно, Вашингтон сè повеќе го разбира тоа“, рече Песков.
Според него, средбата меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп е неопходна и сигурно ќе се случи со текот на времето, но за да дојде до неа претходи огромна количина на работа.
„Тоа (средба на лидерите) е можна и сигурно ќе се случи со текот на времето. Тоа е неопходно“, нагласи Песков.
Како што рече тој, можеби ќе биде потребно и формализирање на некои важни договори што ќе се постигнат со текот на времето, откако ќе биде завршена огромна количина на работа.
„Но, тоа време сè уште не е дојдено. Оваа работа сè уште треба да се заврши“, истакна тој.
Според него, последниот разговор меѓу рускиот и американскиот претседател бил прагматичен и деловен разговор меѓу луѓе кои цврсто стојат зад своите ставови, но се подготвени да се слушаат едни со други.
Претседателите на Русија и САД разговараа по телефон на 3 јули за преговарачкиот процес со Украина и случувањата на Блискиот Исток речиси еден час.
Во таа пригода, Путин му го честиташе на Трамп Денот на независноста на САД, кој се слави на 4 јули, и потсети на придонесот на Русија за американската независност, како и на сојузот меѓу Москва и Вашингтон.






