„Москва продолжува да одржува контакт со Американците преку постојните канали. Добиваме информации за развојот на настаните. Ги поздравуваме континуираните напори на американската страна за создавање на потребните услови за решавање на украинското прашање“, кажа Песков, додавајќи дека Русија останува отворена за дијалог.
Тој додаде дека Кремљ е за секаков вид дијалог со Вашингтон и дека би било во интерес на двете земји делегација од руски пратеници да ги посети САД.






