петок, 19 декември 2025

Песков: Русија нема да го коментира планот на Трамп додека не ја види официјалната верзија

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Русија не може да коментира за мировниот план на Соединетите Американски Држави за Украина бидејќи сè уште не добила официјални информации и дека не е соодветно да го прави тоа врз основа на она што е протечено во медиумите, објави руската новинска агенција ТАСС.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето дали делот од планот кој предвидува дека членството на Украина во НАТО ќе зависи од консензусот на членките на алијансата е прифатлив за Кремљ, Песков им одговори на новинарите: „Веќе рековме дека сметаме дека е невозможно и несоодветно да се води разговор преку медиумите. И не сакаме да го правиме тоа“.

Според него, новинарите со кои разговарал „во основа предлагаат да се споредуваат медиумските извештаи“, и „не е познато колку се веродостојни“ ниту „колку одговараат на реалноста“.

Важно е, додаде тој, заклучоците да се донесуваат врз основа на информациите добиени преку официјални канали.

ТАСС, повикувајќи се на медиумската куќа РБЦ-Украина, пишува дека на 23 ноември во Женева, делегациите на САД и Украина се согласиле за планот од 28 точки на американскиот претседател Доналд Трамп.

Рускиот претседател Владимир Путин на 21 ноември изјави дека мировниот план на Трамп бил дискутиран пред средбата меѓу нив двајца во Анкориџ на Алјаска, но дека потоа дошло до застој „веројатно поради одбивањето на Киев да го прифати предлогот“, поради што бил изменет.

Путин кажа дека Русија „го има тој (оригинален) текст… и дека тој може да послужи како основа за конечно мирно решение“, пренесува ТАСС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ