„Москва отсекогаш ја разбирала опасноста дека Европа се подготвува за војна со Русија и сите безбедносни мерки се преземени однапред“, рече Песков во интервју за весникот Лајф, пренесува РИА Новости.
Тој истакна дека зголемувањето на воените буџети на европските земји води до преоптоварување на нивните економии.
„Европските земји се залагаат за понатамошно зголемување на нивните воени буџети, дури и ако тоа им ги уништува економиите. Ова води до економско преоптоварување и потоа ќе има посериозни последици на среден рок“, истакна Песков.
Како што изјави тој, Москва ја дели оценката на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој изјави дека Европа очигледно се подготвува за војна со Русија.
„Визијата на Москва се совпаѓа со онаа на Белград, а во Европа навистина преовладуваат силни промилитаристички чувства“, додаде портпаролот на рускиот лидер.
Вучиќ денес изјави дека европските земји очигледно се подготвуваат за војна со Русија и дека Србија е „меѓу два огна“.






