недела, 29 март 2026

Песков: Делегациите на Русија и САД извршија „технички консултации“ во Ријад, резултатите нема да бидат објавени

Делегациите на Русија и Соединетите Американски Држави извршија „технички консултации“ во Ријад и испратија извештаи на своите лидери, а резултатите на преговорите нема да бидат објавени, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„На крајот на краиштата, станува збор за технички разговори. Технички – значи дека се разговара за деталите, така што, секако, содржината на тие разговори нема да биде објавена. Тоа не треба да се очекува“, кажа тој на брифинг за новинарите.

Додаде дека Москва и Вашингтон сега ги анализираат извештаите на делегациите, и дека дури потоа ќе може да се зборува за каков било вид договор, пренесува ТАСС.

Учесниците не го коментираа исходот на состанокот.

Руските агенции претходно јавија дека Русија и САД денес ќе издадат заедничка изјава за повеќе од 12 часа долгите преговори за војната во Украина, одржани вчера во Саудиска Арабија.

Руската делегација ја предводеа претседателот на Одборот на Советот на Федерацијата за меѓународни работи Григори Карасин и советникот на директорот на Федералната служба за безбедност Сергеј Беседа.

Во американската делегација беа вишиот директор за Европа во Советот за национална безбедност Ендрју Пик, вишиот советник на Стејт департментот Мајкл Антон, како и членови на кабинетот на Кит Келог, специјалниот претставник за Украина, и советникот за национална безбедност Мајк Волц.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ