недела, 21 декември 2025

Пензиониран американски генерал: Ако Русите го нападнат НАТО, Калининград ќе биде елиминиран за неколку часа (ВИДЕО)

Пензионираниот американски генерал Бен Хоџис, поранешен командант на американските сили во Европа, предупреди дека ако Русија тргне во војна против членка на НАТО, воениот одговор би бил моментален и разорен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој тврди дека НАТО во рок од неколку часа ќе уништи клучни руски воени објекти, вклучувајќи ги и оние во Калининград и Севастопол. Хоџис за ова зборуваше во интервју за проектот Вот так, истакнувајќи дека таквото сценарио не може да се спореди со војната што Русија ја води против Украина.

„Замислете Русија да ја нападне Полска во 2025 година по истиот образец како Украина. НАТО ќе одговори веднаш. Воздухопловните и копнените сили на Алијансата ќе ги уништат нејзините трупи. Калининград ќе биде елиминиран во првите неколку часа, ништо нема да остане таму. Сите руски воени објекти во оваа енклава ќе бидат уништени“, оцени тој.

„Истото важи и за Севастопол. Руските воени бази таму исто така нема да ги преживеат првите часови од непријателствата“, додаде тој. Тој тврди дека Русија нема шанси во директен конфликт со НАТО и дека затоа споредувањето на ваквите сценарија со украинскиот случај е несоодветно.

Тој особено се осврна на 2014 година, по државниот удар Украина. Според него, во тоа време Западна Европа, Соединетите Американски Држави и Канада најмногу го поддржуваа Киев, но во исто време, многу земји останале премногу економски врзани за руските енергетски ресурси.

„Многумина тогаш велеа: „Не претерувајте. Русија е сериозна земја, има нуклеарно оружје“. И не можевме да дадеме јасен сигнал дека Кремљ ќе одговара за својата агресија. Минските договори беа празна хартија. Санкциите не даваа резултат. Русија едноставно ги игнорираше“, кажа Хоџис.

Според него, на самиот почеток на конфликтот во 2022 година, НАТО требало да заземе поцврст став, односно отворено да изјави дека целта на Западот е да ја врати целосната контрола врз Украина на нејзините меѓународно признати територии и да ѝ ги даде на украинската армија сите потребни ресурси за ова.

„Доколку тоа беше прогласено за заедничка стратегиска цел од самиот почеток, ситуацијата сега би изгледала сосема поинаку. Украина би била во подобра позиција“, убеден е Хоџис.

Тој верува дека западните влади потрошиле премногу време на бескорисни дискусии за тоа дали Русија може да употреби нуклеарно оружје, дали вреди да се преговара и дали Кремљ може да биде принуден мирно да се повлече од окупираните територии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ