четврток, 24 јули 2025

Пентагон ќе го користи Масковиот Грок

Американското министерство за одбрана почнува да го користи Грок, чет-бот за вештачка интелигенција развиен од компанијата иксАИ на Илон Маск.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Во објава на социјалната мрежа Икс на Маск, иксАИ го претстави Грок за владата, пакет производи со кој нивните најнапредни модели на вештачка интелигенција стануваат достапни за американската влада.

Овој потег претставува значаен исчекор за амбициите на Маск во областа на вештачката интелигенција. Технолошкиот милијардер од Јужна Африка ја позиционираше својата програма како директен конкурент на ОпенАИ, кој исто така склучи договори во областа на одбраната и технологијата.

Договорот, чиј максимален износ е 200 милиони долари, вклучува развој на нови проекти како што се прилагодени модели за потребите на националната безбедност и основните научни истражувања, како и апликации за вештачка интелигенција кои треба да ја забрзаат примената на вештачката интелигенција во здравството, науката и одбраната.

Но, Грок предизвика и контроверзии во последните денови. Минатата недела, објави антисемитски коментари, по што Маск објави промени во системот. Накратко, Масковиот Грок се нарече себеси „МехаХитлер“ и пишуваше против Евреите.

Компанијата Икс објави дека спорните објави се отстранети и дека проблемот не е поврзан со основниот јазичен модел што го придвижува Грок.

Министерството за одбрана не коментираше за оваа вест, но им наложи на новинарите да бараат одговори на неговите јавни страници. Покрај иксАИ, договори добија и Антропик и Гугл.

Овој договор доаѓа во време кога конфликтот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Илон Маск се интензивираше. За време на кампањата во 2024 година, Маск инвестираше речиси 300 милиони долари за да им помогне на Трамп и другите републикански кандидати, но по изборите, тој јавно го критикуваше претседателот за неговиот голем буџет и растот на јавниот долг.

Маск, исто така, ги обвини Трамп и Министерството за правда за криење клучни информации поврзани со Џефри Епстин, финансиерот кој почина во затвор по обвиненија за трговија со луѓе. Откако Маск објави формирање на сопствена политичка партија, Трамп изјави дека „излегол од колосек“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ