Законот беше усвоен со 178 гласови „за“ и 169 „против“.
Владата на Шпанија практично го спроведува тоа ембарго уште од октомври 2023 година.
Израелската влада го повлече својот амбасадор во 2024 година, кога Шпанија ја призна државата Палестина.
Денес изгласаниот текст предвидува итни мерки за поддршка на Палестинците, забранува секаков извоз на воена опрема, производи или технологии во Израел, нивен увоз во Шпанија, го отфрла транзитот на авионско гориво со потенцијална воена употреба и забранува рекламирање на производи „кои потекнуваат од нелегалните (еврејски) населби во Газа и Западниот Брег“.
Шпанија е еден од најжестоките противници во Европа на израелската воена офанзива во Појасот Газа.
Законот беше изгласан денес за да не се совпадне со годишнината од нападот на Хамас, објави шпанскиот печат, а израелската амбасада во Мадрид соопшти дека изборот на датумот „за ембарго за оружје против Израел е цинична одлука на шпанската влада, која заслужува осуда“.






