недела, 14 декември 2025

Парламентот на Република Српска најави политичка блокада, западните земји оценија дека е загрозен уставниот поредок

Република Српска најави политички блокади, а амбасадите на западните држави најавата ја нарекоа сериозна закана за уставниот поредок на Босна и Херцеговина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Парламентот на српскиот ентитет во БиХ вчера усвои заклучоци со кои ги оспори овластувањата на западниот претставник Кристијан Шмит и пресудите на уставниот суд и побара блокада на донесувањето на сите одлуки клучни за европските интеграции во телата на власта на БиХ.

Амбасадите на САД, Британија, Германија, Франција, Италија и на делегацијата на ЕУ во Сараево во заедничко соопштение истакнаа дека Дејтонскиот мировен договор и уставот на БиХ недвосмислено ја утврдуваат обврската на ентитетите целосно да го почитуваат уставното уредување на државата.

„Заклучоците кои ги усвои Народното собрание на РС претставуваат сериозна закана за уставниот поредок на земјата и како такви се антидејтонски и директно го поткопуваат авторитетот на институциите за владеење на правото на државно ниво и патот на БиХ кон евроатлантските интеграции“, се наведува во соопштението.

„Во момент кога БиХ е најблиску до формално отворање на преговорите за пристапување во ЕУ, враќањето на политичките блокади може да има негативни последици за сите граѓани на БиХ, од кои повеќето го поддржуваат пристапувањето на БиХ во ЕУ“, се додава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ