понеделник, 22 декември 2025

Папата за прв пат се сретна со жртви на злоставување од католичкото свештенство

Папата Лео Четиринаесетти денес за прв пат се сретна со жртвите на сексуална злоупотреба од страна на католичко свештенство.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Само пред неколку дена Ватиканската комисија за заштита на децата ги обвини високите црковни претставници дека се премногу бавни во помагањето на жртвите.

Папата одржа состанок со организацијата „Крај на злоупотребата од свештенството“, меѓународна коалиција на преживеани жртви, соопшти групата.

Средбата, на која учествуваа четири жртви и двајца активисти, траеше околу еден час, објавува Ројтерс. Еден од учесниците кажа дека се сретнале во Ватикан и дека папата внимателно слушал и се фотографирал со нив.

Католичката црква, која има околу 1,4 милијарди верници, со децении е разнишана од скандали низ целиот свет поврзани со злоупотреба и прикривање, кои сериозно го оштетија нејзиниот углед и исплатија стотици милиони долари во спогодби.

Невообичаено остар извештај од комисијата за заштита на децата на Ватикан, објавен во четвртокот, ги критикуваше високите бискупи за тоа што не им дале информации на жртвите за тоа како се постапува со нивните пријави за злоупотреба ниту дали неодговорните бискупи се санкционирани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ