недела, 5 април 2026

Папата повика на хармонија и мир во светот разорен од војна

Папата Лео Четиринаесетти ја предводеше вечерната миса на бдеење во пресрет на Велигден, во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, повикувајќи ги верниците да не молчат поради обемот на конфликтите во светот, туку да работат за мир.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Папата, на своето прво велигденско бдеење како поглавар на Римокатоличката црква, повика Велигден да донесе хармонија и мир во светот растргнат од војни.

Христијаните кои го користат Грегоријанскиот календар денес го слават Велигден, кој за верниците го означува триумфот на Христос над смртта со неговото воскресение по распнувањето.

„Гревот е тешка бариера која нè затвора и нè одделува од Бога, обидувајќи се да ги убие неговите зборови на надеж во нас“, кажа папата. Тој го спореди со каменот кој го покрил гробот на Исус, но бил пронајден превртен откривајќи го воскресението на Исус.

Папата кажа дека некои камења „се толку тешки и толку внимателно чувани што изгледа дека не можат да се поместат“. Тој ги повика луѓето да не дозволат тоа да ги парализира.

„Да не дозволиме да останеме парализирани“, кажа папата на мисата во најсветата ноќ во католичкиот календар кога, според Библијата, Исус воскреснал од мртвите.

Поради американско-израелската војна против Иран која е во вториот месец и конфликтот во Украина, папата постојано повикува на прекин на непријателствата.

Во својата проповед пред илјадниците верници во базиликата „Свети Петар“, папата ги повика католиците да го следат примерот на светците кои се бореле за правда за „велигденските дарови на хармонија и мир да можат да растат и да цветаат насекаде“.

Поглаварот на Римокатоличката црква ќе го заврши велигденското славење утрово кога ќе служи миса и ќе испрати порака до „Градот и светот“ (Urbi et orbi), што е обично времето кога тој упатува голем меѓународен апел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ