Во потврдата, објавена од Ватикан, се вели дека папата паднал во кома пред смртта, која се случила во раните утрински часови во понеделникот.
Поглаварот на Римокатоличката црква почина на 89-годишна возраст.
Ватикан ја објави и содржината на тестаментот на папата, напишан во 2022 година.
Папата во неа напиша дека сака да биде погребан во базиликата Света Марија Велика во Рим, а не во базиликата Свети Петар во Ватикан, каде што многу од неговите претходници го најдоа своето последно почивалиште, пренесуваат медиумите.
Тој изразил желба да биде погребан „во земја, без посебни украси“, а над неговиот гроб да има едноставна плоча со неговото папско име на латински јазик: Franciscus.
Папата напиша и дека договорил неименуван добротвор да ги покрие трошоците за неговиот погреб.
„Трошоците за погребот ќе бидат покриени од сумата што ја обезбеди добродетел, а која договорив да биде префрлена на базиликата Света Марија Велика“, стои во тестаментот.