недела, 15 јуни 2025

Папата Лео се понуди како посредник меѓу завојуваните земји во светот

Папата Лео XIV денеска објави дека е спремен да посредува меѓу лидерите на земјите што се во војна, велејќи дека лично „ќе стори сѐ за да се постигне мир“, пренесува агенцијата Франс прес.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Новиот поглавар на Католичката црква, кој минатата недела ја презеде функцијата лидер на 1,4 милијарди католици низ целиот свет, им се обрати на верниците собрани во Салата за папската публика во Ватикан на настан посветен на јубилејната 2025 година и 23 источни католички цркви.

„Од Светата земја до Украина, од Либан до Сирија, од Блискиот Исток до Тиграј и Кавказ, колку само насилство гледаме“, рече папата и ги повика насобраните да се молат за мир. „Давам збор дека ќе направам сѐ за да завладее мирот“, рече тој.

Папата Лео XIV рече дека Светата столица секогаш е спремна да помогне да се приближат конфликтните страни за „да се соочат една со друга, да разговараат, и за народите повторно да ги најдат надежта и достоинството што го заслужуваат – достоинството на мирот“.

„Народите на нашиот свет сакаат мир. Упатувам искрен апел до лидерите: да се сретнеме, да разговараме, да преговараме!“, рече тој.

Ова е прв голем дипломатски истап на новиот американски папа откако е избран, а се случува во време кога во голем број региони се случуваат брутални оружени конфликти – од Украина до Блискиот Исток и Африка. Светиот престол традиционално се обидува да ја игра улогата на миротворец, а папата Лео XIV јасно стави до знаење дека сака дополнително да ја нагласи оваа улога за време на својот понтификат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ